петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се уште нема информации колку госпоѓи преку туристички агенции биле во Италија за 8 Март

Се уште нема информации колку госпоѓи преку туристички агенции биле во Италија за 8 Март

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште не добил информација од стопанските коморите за тоа, колку патници преку туристичките агенции биле во Италија и високоризичните земји на патување за 8 Март.

Министерот вели дека го чека листингот на патниците, но дека до сега  тој не е направен и штом ќе го добие ќе ја извести јавноста.

-Како превенција од ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука да се забрани превозот со автобуси и комбиња во високоризичните земји.  Од Министерство за економија велат дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. „Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации, значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања, велат од министерството.

По однос на барањата за мерките од Туристичкото стопанство, Министерство за економија бара туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конференции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.

Најнови вести