четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ ВАКВО НЕШТО: Хрватите избраа Мис Универзум во празна сала без ракувања и бакнувања

СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ ВАКВО НЕШТО: Хрватите избраа Мис Универзум во празна сала без ракувања и бакнувања

Новата Мис Универзум на Хрватска за 2020 година е 21-годишната Мирна Наија Мариќ од Задар.

Жирито ја донесе одлуката во преносот во живо на ХРТ, па од вкупно 16 финалистки од цела Хрватска, ја избра шармантната Мирна Наја за најубава.

Првата придружничка е 22-годишната Дарија Матиќ од Сплит, а втората и Мис на симпатија е 19-годишната Андреа Ерјавец од Перушиќ.

Ова беше специфичен избор на Мис Универзум Хрватска затоа што се одржа без публика во салата, што е епидемиолошки препораки заради ширењето на коронавирусот. Немало ниту премногу ракување ниту бакнувања кога се доделувале ленти и круни.