среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведок од Дебар ги вознемири странките, се чека одлука за затворање на судниците

Сведок од Дебар ги вознемири странките, се чека одлука за затворање на судниците

Сведок од Дебар бил присутен на судење во Кривичниот суд, тврди одбраната во случајот Таргет-Тврдина. Претседателот на судот, Иван Џолев за Сител вели дека тоа не е точно. Од прес службата на кривичен објаснуваат дека во судницата влегле неколкумина сведоци ама тие не биле легитимирани од каде доаѓаат. Поради отстуство на странки во постапката, рочиштето се одложило па судот не утврдувал каде живеат присутните сведоци.

Се одложи и судењето за Титаник 3 бидејќи обвинетиот Исмет Гури бил дијабетичар и ја почитувал препораката за хронично болните од кои се бара да не го напуштаат домот. За неговата здравствена состојба, одбраната достави медицинска документација па судењето кое е во завршен збор, судот го закажа за 25 март.

На рочиштето за Монструм, се сослушуваше сведокот кој прв дошол кај смилковското езеро и го пријавил петкратното убиство. Отако заврши со прашања, судијата Осман Шабани, рочиштето го водеше со заштитна маска.

Во меѓувреме адвокатите побараа одложување на судењата. Нивното здружение испрати писмо до наделжните во кое објаснува за големата фрекфенција на луѓе во судовите што не било во согласност со препораките за заштита од корона вирусот.. Предлагаат да има рочишта само за притворски предмети и времени мерки.

Од кризниот штаб велат дека го добиле писмото од адвокатската комора и нивното барање дополнително ќе се разгледува.

Апелациониот суд веќе го откажа рочиштетот за жалбите на осудените за собраниските настани од 27 април.

„Јавната седница закажана за 18,19 и 20 март по предметот познат како „27 Април“ се одлага, во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, бидејќи Апелациониот суд не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки“, велат од Апелационен суд.

Штипскиот суд  веќе ја прекина работата. Од денеска па до 24 март ќе се суди само еден притворски предмет, а својата работа ќе ја продоложи единствено судијата за итни прекршочни предмети и малолетници.

Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение

Најнови вести