Економијата ги трпи штетите од управувањето на СДСМ со државата и економското цунами наречено СДСМ. СДСМ од почетокот на година до сега ја задолжи државата за нови 566 милиони евра. Тоа се 1.200 евра нов долг за секое семејство, само за два ипол месеци. И додека долгот рапидно се зголемува нивото на реализација на капиталните инвестиции во истиот период изнесува едвај 3%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ наместо за нови инвестиции, кои имаат додадена вредност и ќе генерираат приходи за враќање на долгот, се задолжуваат за плаќање на своите неспособни политики и погрешни проценки. Од проектираниот раст на економијата од 1.6%, 2017 година државата ја заврши со 0% раст. Тоа се 160 милиони евра помалку за државата, стои во реакцијата и се додава:
„Неспособноста на СДСМ ја бетонира државата на европското дно. Република Македонија, стагнира, додека остатокот од регионот и Европа бележат економски бум. Граѓаните очекуваат подобар стандард и забрзан развој. СДСМ тоа не може да го оствари. СДСМ ја враќа државата назад. Државата нема време за чекање. Република Македонија мора да оди напред“.