Препораките и мерките донесени од страна на Владата на Македонија речиси не важат подеднакво за сите граѓани и институции во државава.
Веќе два дена интензивно Јавното претпријатие улици и патишта бојадисува и поставува нови пешачки премини во населбите Нерези и Козле, поточно на улицата Козле која е во надлежност на претпријатието.
За жал тамошното население на големо реагира на грубото прекршување на мерките донесени од страна на Влада и Министерството за здравство.
Имено работниците без заштитни маски, ракавици и опрема се групираат во групи и ја изведуваат работата заедно што е спротивно во време кога коронавирусот зазема се поголем замав во Македонија.
Претпријатието инаку е во надлежност на градот Скопје, а дали ќе се преземат соодветни мерки против ова грубо кршење на мерките останува да видиме.