понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Норвешка го намалува данокот на плати и дава повеќе средства за општините

Норвешка го намалува данокот на плати и дава повеќе средства за општините

Норвешка ќе го намали својот данок на плати и ќе одобри поголемо финансирање на општините во обид да се справи со пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска парламентарниот одбор за финансии.

Тоа е втор фискален пакет доставен до Парламентот оваа недела, по зголемувањето на надоместот за невработеност и други вонредни мерки за итно финансирање, одобрени во понеделникот.

– Подготвени сме да сториме сè што е потребно за да ги заштитиме работните места, компаниите и благосостојбата на луѓето. Нема ограничување за пари, рече пратеникот на Конзервативната партија Свен Харберг на прес-конференција.

Конзервативната партија, која ја предводи малцинската коалициска Влада, побара широка поддршка од опозицијата за овој пакет мерки.

Националниот авиопревозник Норвиџан Ер им се обрати на норвешките власти за финансиска помош, а комитетот за финансии соопшти дека е на владата да предложи мерки за одделни компании.