Меѓународната полициска асоцијација – ИПА Македонија и во текот на вчерашнот ден продолжи со активностите за делење на донации за своите колеги.
Од таму информираат дека активностите ги спроведувале на подрачјето на СВР Тетово и на пунктовите каде се поставени со задолженија за контрола на спроведувањето на забраната за движење и мерките за заштита од коронавиурсот.
Во присуство на нивните раководители и началникот на одделот за специјални полициски операции при обиколката на пунктовите беа доделени 80 комплети на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција.
-ИПА Македонија и во следните денови ке продолжи со своите активности и акцијата за донирање заштитна опрема и по другите сектори за внатрешни работи, информираат од ИПА.