сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СВР Тетово расчисти пет тешки кражби во верски објекти во тетовско, приведен крадец

СВР Тетово расчисти пет тешки кражби во верски објекти во тетовско, приведен крадец

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска (31 август) околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип.

-Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајден и одземен разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.