понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема патување со воз за викенд

Нема патување со воз за викенд
фото илустрација

Патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот  викенд. Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата вчера донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт.

Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.

Најнови вести