понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски за Заев: Човекот не знае економија или шири дезинформации!

Нелоски за Заев: Човекот не знае економија или шири дезинформации!

Слушајќи ја веселата математика на Заев имам една нејаснотија, дали човекот не знае економија или шири дезинформации⁉️

Кога збориме за поддршка на реалниот сектор, неколку податоци за нештата да бидат појасни.

За полесно да сфати Заев ќе земам пример со 1 вработен што зема НЕТО плата од 25 илјади денари.

За тој вработен да земе 25 илјади денари НЕТО плата фирмата треба да даде плус 12.000 денари за придонеси т.е. 37.000 денари БРУТО плата.

Мерката на Заев е да им “помогне” на приватниот сектор со исплата на една минимална плата од 14.500 по вработен, што сопствениците на фирми ќе ги остави ако сакаат да дадат целосна плата на вработениот да ”доплатат ” уште 22.500 денари или да го остават вработениот на минималец.

Предлогот на ВМРО ДПМНЕ за вистинска поддршка на реалниот сектор е субвенционирање на 50 проценти од БРУТО ПЛАТА (нето плата + придонеси). Кога ќе го примениме тоа во горенаведениот случај за вработен кој зема 25 илјади денари нето плата. Државата би покрила 50% од БРУТО платата (37.000 денари) односно 18.500 денари и фирмите ќе треба да додадат 18.5500 денари за вработените да останат со истите примања во оваа лоша економска состојба.

Господине Заев не е поентата како политичар да им поделите на сите граѓани ”минималец” треба да се погрижите и во кризните времиња тие да живеат достоинствено.

Но што да се очекува од човек во чии фирми минималецот е стандард…, реагира Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести