недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш побара укинување на санкциите за време на пандемијата со Ковид-19

Гутереш побара укинување на санкциите за време на пандемијата со Ковид-19

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш на Самитот на Г-20 апелираше за целосно укинување на санкциите кон осум држави, воведени воглаво од САД и од Европска унија, со цел земјите да можат да се борат против пандемијата на новиот коронавирус.

Во заедничко писмо амбасадорите на Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија, Венецуиела, Куба и Никарагва го повикаа Гутереш да „ја отфрли политизацијата на една таква пандемија“.

Амбасадорите во писмото наведуваат дека инструкции добиле од своите министри за надворешни работи, но не именуваа ниту една земја, која ја сметаат за одговорна за „илегалните, насилни мерки за економски притисок“.

САД нема воведено санкции од наведените земји, само кон Кина, а од санкции на ЕУ исклучена е Куба.