недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Во услови на криза и вонредна состојба општина Ѓорче Петров и Наумоски трошат 10.999.960 денари за партиски вработувања

Стојаноски: Во услови на криза и вонредна состојба општина Ѓорче Петров и Наумоски трошат 10.999.960 денари за партиски вработувања

Во услови кога во светот и во Република Македонија владее пандемијата со ковид 19 – корона вирусот, сите средства економски, здравствени, социјални и срествата кои што се расположливи со знаење треба да се стават во можност за полесно и побрзо справување со оваа новонастаната ситуација, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Општина Ѓорче Петров наместо бескомпромисно да почне да се бори со корона вирусот на 12.03.2020 година склучила договор во вредност од 10.999.960 денари за привремени вработувања. Овие средства во општина која согласно податоците на Институтот за јавно здравје има 11 заболени може да се искористат многу подобро. Може да се дезинфицираат улиците, училиштата и градинките, јавните површини, местата каде што се даваат административни услуги, а каде што се собираат многу луѓе, може бесплатно да се дезинфицираат влезовите на зградите, може да се направат уште многу нешта кои што би го спречиле ширењето на овој вирус, подвлече Стојаноски и додаде:

„Во овој момент кога има закана и по здравјето и по економската ситуација на Република Македонија, треба да се делува бескомпромисно и домаќински. Не може да се распишуваат договори од 10.999.960 денари за привремени вработувања во кои што треба да се вработат партиски пајташи на СДСМ и блиски луѓе на кликата на Александар Наумоски, а платите на македонскиот работник да се намалуваат за 50% во јавната администрација, а оние кои што работат во приватниот сектор да е прашање дали воопшто и ќе земат плата. За таа цел сметаме дека оваа набавка е комплетно недомаќинска и бараме апсолутно да се укине и средствата да се пренаменат во можности за справување со корона вирусот“.

Оваа цел и оваа можност, рече Стојаноски, сакам да ја искористам и да упатам апел до кризниот штаб кој што е присутен во општина Ѓорче Петров дека општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Ѓорче Петров апсолутно ги става на можност своите капацитети и своите можности да помогне за побрзо да ја завршиме оваа новонастаната ситуација.

-Овој пат се работи за нас и овојпат Македонија мора да излезе како победник од оваа битка.

Најнови вести