Пејачката Дара Бубамара како и многу личности од естрадата ги откажа своите настапи поради коронавирусот.
„Не можам да кажам дека сите настапи ми се откажани, истите се прилагодуваат на термините во иднина. Пред пладне некако се организирам одам да трчам, тука се масажите, а потоа одам на село кај баба ми каде е и мојот син Коста и таму е максимално заштитен, вели Дара Бубамара за српските портали“.
Таа вели и дека сите нешто готват, а таа продолжува по старо.
-Имам жена за тоа, а на село тоа го прави мојата драга баба. Вистина е дека сега малку повеќе јадам слатки, но се ќе се стопи кога ќе пројде оваа изолација. Кај мене се е организирано и се е како што треба, така да тука е и момче за во изолација, вели таа.