сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез на островот Реунион

Продолжува ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез на островот Реунион

На францускиот остров Реунион продолжува ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез, инаку еден од најактивните вулкани на планетата, јави дописникот на МИА.

Лавата, во четвртиот ден од ерупцијата, веќе се наоѓа на само 2,7 километри од патот кој го обиколува овој француски остров и департман во Индискиот Океан и според информациите кои доаѓаат од таму, таа продолжува да напредува со брзина од 600 метри дневно.

Со оглед на мерките за ограничено движење, лавата во моментот е видлива само за вулканолозите, кои објавија фотографии и видео од оваа појава.