четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Неприфатливо е да се исплаќаат средства за СЈО и привремени вработувања, кога здраствените работници немаат содветна заштитна опрема

Мисајловски: Неприфатливо е да се исплаќаат средства за СЈО и привремени вработувања, кога здраствените работници немаат содветна заштитна опрема

Дали треба да прифатиме реалност каде што има 555 заболени лица, а се исплатуваат средства за рекетарското СЈО?
Реалност во која нема средства за заштитна опрема за здравствените работници кои се во голем број заболени, а има за привремени вработувања и кетеринзи за мене е неприфатлива, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Вкупно 555 заболени лица, за еден ден 72 новозаболени, а само во Куманово 21 новозаболено лице.

Дали вонреднава власт е свесна што направи во Куманово, каде изминативе неколку дена делеа компири, брашно и зејтин на граѓаните спротивно на сите препораки?

Им станува ли сега појасно што направија во Куманово?

Дали беше хуман пристапот во петокот кога одлуката за спроведување на полицискиот час преку целиот викенд беше соопштена неколку часа пред тој да започне, по што граѓаните беа приморани да ги наполнат маркетите, пазарите и другите набавни места со цел да се снабдат со храна ?

Колкумина граѓани во овие две ситуации се новозаболени ?

Доволно беше да постапувате по предлозите кои ви беа давани од опозицијата, граѓаните и од локалниот кризен штаб за да спречите ваква ескалација.

Со овој ваш однос дали после Куманово, Скопје е следно за целосен карантин ?

Освестете се пред да биде предоцна!, порачува потпретседателот Мисајловски.

Најнови вести