Хелге Браун, шефот на кабинетот на германската канцеларка смета дека Ангела Меркел не се премислила околу нејзината кандидатура за реизбор, откако минатата недела беше побаран одговор на тоа прашање од магазинот „Билд“.
Браун посочува дека Ангела Меркел изјавила дека нема да се кандидира за германска канцеларка наесен следната година и дека верува дека ништо не се сменило во однос на ова прашање.
Ангела Меркел е на таа функција веќе 15 години.