Во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, Кристина Ампева од здружение на текстилните работници,Гласен текстилец, вели дека нејасни се и недоречени уредбите на владата и секој може да си ги протолкува како што сака, како и тоа дека истите не се прецизни.
-Нејасни се и недоречени уредбите на владата и секој може да си ги протолкува како што сака, во случајов дел од работодавачите ќе ги изигруваат таквите уредби, вели Ампева.
Таа критикуваше дека не видела ниедна уредба што се однесува на работниците, прецизно дефинирана и потенцирана, конкретно што се однесува на платата на вработените кои се под мерките, како хронично болните, бремените жени никаде нема колкава треба да биде платата за нив за месец март.
Таа вели дека погрешно е толкувана уредбата дека владата наредила на работодавачите да им дадат право на вработените да искористат годишен одмор од 2019 година, за подоцна да испадне дека оваа одредба не важи за целиот приватен сектор, туку важи само за бремените жени, мајки ослободени со потврда и хронично болните лица.
-Отказите треба да се проверуваат дополнително од Трудовиот инспекторат, затоа што не се работи за мали фирми, како што е случајот со фирмата од Скопје којашто има 200 вработени отпуштено, во АВРМ се депонира едно, а во најголем број случаи не им се издаваат на работниците изјавите или спогодбите што ги потпишале, истакна Ампева.
Таа исто така истакна дека предложиле во конфекциите да се даде право да се користи годишен одмор за да не се отпуштаа работниците, и вели дека оваа одлука на владата важи само за јавниот сектор што е крајно дискриминирачки без да се побара мислење од синдикатите.
Посочи дека во моментов, затоа што ги нема синдикатите, се вршат укинување на додатоци на надоместоци на плата за вработени коишто се на работните места во моментов, побара инспекторите да реагираат за таквите случаи.