Познатиот ММА борец Ајзеа Чапман бил брутално изрешетан пред својот дом.
Триесетгодишниот борец кој е познат по своите борби во Белатор шампионатот бил грозоморно убиен со повеќе прострелни рани од огнено оружје.
Иако Брзата помош и полицијата во најкус можен рок пристигнале на местото на настанот, Чапман починал на пат кон болница.
Околностите во кои се одвивало убиството се уште не се разјаснети и властите се уште трагаат по напаѓачите.
Чампан прерано ја напушти својата сопруга, но и своите три мали деца.