недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

За време на викендот 17 битолчани се шетале во полициски час

За време на викендот 17 битолчани се шетале во полициски час

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Во периодот од 10 до 12 април, тие за време на полицискиот час воведен поради пандемијата со корона вирусот, биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.