четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неделковски: Договорот на Даниел Димевски за закуп на СРЦ Кале и ексклузивните права во него за советникот на Заев (ФОТО)

Неделковски: Договорот на Даниел Димевски за закуп на СРЦ Кале и ексклузивните права во него за советникот на Заев (ФОТО)

Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со договорот на Даниел Димовски за закуп на СРЦ Кале.

-ДОГОВОРОТ НА ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ ЗА
ЗАКУП НА СРЦ КАЛЕ И ЕКСКЛУЗИВНИТЕ
ПРАВА ВО НЕГО ЗА СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ
– плаќање со компензација на штета на
доверителите на ЈПСОС (член 6)
– можност за пренамена на дејноста од
спорт во нешто “друго” ( член 3)
– можност за трајна градба по измената на ДУП-от и поделба 80% за него 20% за државата по истекот на договорот 2049 година ( член 7 )
– предност за купување при евентуална
продажба на државното земјиште (член 7 )
1. Ја повикувам антикорупциската комисија веднаш да го расветли овој случај,
2. Јавниот правобранител веднаш да започне постапка за раскинување на незаконскиот (склучен без електронско наддавање) договор штетен за РМ врз основа на прекршени одредби од законот за облигациони односи, законот за процена,законот за извршување, законот за спорт член 61,63 и 64 и законот за користење и употреба на добрата во државна сопственост и добрата во општинска сопственост член 37 став 1 и 2.
3. Владата веднаш да го разреши Шпенди Хајредин директорот на ЈПСОС, заради незаконско работење и злоупотреба на службената должност, а МВР да започне кривична постапка.
4. Владата веднаш да го раскине договорот со Даниел Димевски, како надворешен соработник за спорт на премиерот, а МВР да започне кривична постапка.
СПОРТСКАТА МАФИЈА НАДВОР ОД СПОРТОТ, стои во неговиот пост на Фејсбук.

ДОГОВОРОТ НА ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ ЗАЗАКУП НА СРЦ КАЛЕ И ЕКСКЛУЗИВНИТЕ ПРАВА ВО НЕГО ЗА СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ- плаќање со…

Gepostet von Vlatko Nedelkovski am Montag, 13. April 2020

 

Најнови вести