среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сандерс го поддржа Бајден за претседателски кандидат на Демократската партија

Сандерс го поддржа Бајден за претседателски кандидат на Демократската партија

Берни Сандерс, кој се повлече од трката за номинација од демократската партија, го поддржа Џо бајден како кандидат, кој може да влезе во трка со актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите во ноември.

– Апелирам до сите Американци, сите демократи, сите независни гласачи и голем број републиканци – заедно со мене да ја поддржат твојата кандидатура, рече Сандерс за време на виртуелната средба со Џо Бајден.

Берни Сандерс се откажа од понатамошната трка поради забележливиот недостиг на подготвеност на прогресивните демократи од почетокот на кампањата да ја поддржат неговата кандидатура. Поддржката за досегашниот ривал се толкува и како одобрување на најавената прогресивна политика на Бајден, оценуваат американските медиуми.

Според Сандерс, најголем приоритет на демократите е да се победи Трамп.

– Мораме да го направиме Трамп претседател со еден мандат, апелира Сандерс.