сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ОК Могила се повлече од морални причини, кога ќе се повлече советникот на СДСМ, Берат Вејсели кој го кршеше полицискиот час и демонтрираше сила?

Претседателот на ОК Могила се повлече од морални причини, кога ќе се повлече советникот на СДСМ, Берат Вејсели кој го кршеше полицискиот час и демонтрираше сила?

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и сите нејзини активисти и членови негуваат високо ниво на морал и етика, за разлика од СДСМ, каде се водени од неморал и неказнивост, ова денеска преку соопштението до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Могила се повлече од својата позиција како знак на морал, а својата невиност во врска со сомнежот за дрвокрадство ќе ја докажува на суд.

-Повикуваме и апелираме до СДСМ да одговори кога ќе се повлече нивниот советник од Гази Баба, Берат Вејсели, кој дрско го кршеше полицискиот час и демонстрираше сила пред полицијата. Бидејќи СДСМ декларативно вели дека законот важи за сите, еве шанса да докаже, нека се повлече советникот Берат Вејсели од позицијата затоа што го кршешше полицискиот час и демонстрираше самоволие. Не може полицискиот час да важи за сите, а да не важи за луѓето од СДСМ, стои во соопштението на партијата.

Од таму додаваат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ поддржува неказнивост. Државна функција се уште имаат градоначалникот на Демир Хисар кој се закануваше пред малолетни деца дека ги прислушкува нивните родители; Курто Дудуш, кој тепаше човек во канцеларија; градоначалникот на Делчево кој пред камера се закануваше на бизнисмени; Драги Рашковски, кој го наруши меѓународниот углед на Република Македонија, и беше вплеткан во сомнежи за милионски криминал и редица други.

-Не се сите исти. Некој имаат образ, а некој не. За СДСМ моралот е мисловна именка, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести