недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Како се подготвува македонскиот и европски карате шампион Петар за време на корона пандемијата?

ВИДЕО: Како се подготвува македонскиот и европски карате шампион Петар за време на корона пандемијата?

По примерот на врвните светските спортисти, македонскиот европски карате шампион, Петар Спасеновски, периодот на изолација за време на covid-19 го користи за одржување на својата топ форма.

За жал, заради пандемијата, Спасеновски не можеше да учествува на европското сениорско првенство, како и на квалификацискиот турнир за Олимпијадата кои не се одржаа.

Сепак, да се надеваме дека оваа состојба набрзо ќе помине и дека Спасеновски ќе може да биде дел од светското сениорско првенство во Дубаи, како и од светското универзитетско првенство во Бразилија во ноември 2020 година.

Петар Спасеновски е еден од најдобрите македонски карате спортисти, европски и македонски шампион, како и член на карате клубот “Макпетрол” од Скопје.

Следува видео од една тренинг сесија на Петар.