четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Случајот со Вејсели е јавно демонстрирање дека полицискиот час мора да важи за сите, освен за луѓето од СДСМ

Стоилковски: Случајот со Вејсели е јавно демонстрирање дека полицискиот час мора да важи за сите, освен за луѓето од СДСМ

СДСМ мора да престане да се однесува според начелото „партиската книшка посилна од законот“. Ова бесрамно однесување повторно го демонстрираат, не барајќи оставка од советникот од СДСМ во Советот на Општина Гази Баба, Берат Вејсели, од морални причини, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека СДСМ продолжува со самоволието водено од неморал и неказнивост.

-СДСМ и нејзините претставници во владата мора јавно да побараат оставка, а Вејсели мора да се повлече од советничкото место. Додека цела држава е затворена и живее во карантински услови, Вејсели најдрско го кршеше полицискиот час, фалејќи се со тоа, а потоа демонстрираше сила пред полицијата. Однесувањето и небарањето на одговорност од Вејсели е уште еден доказ дека законот важи за сите, освен за СДСМ и нејзините миленици. Вејсели е само уште едно име во низата функционери кои и покрај се’, се уште се државни функционери: Градоначалникот на Демир Хисар којшто ги заплашуваше граѓаните дека ги прислушкува; Курто Дудуш, кој што тепа и киднапира граѓани за да се изживува во канцеларија; Градоначалникот на Делчево кој јавно се закануваше на бизнисмени; Драги Рашковски фатен во снимките за случајот „Леонардо“ и редица други. Случајот со Вејсели и тоа што го предизвика во Чаир, е јавно демонстрирање дека полицискиот час мора да важи за сите, освен за луѓето од СДСМ. Се освен барање оставка и повлекување на Берат Вејсели од позицијата советник, затоа што го кршеше полицискиот час, демонстрираше самоволие, а и беше причина за масовен собир среде полициски час – е лицемерност и ќе биде потврда дека за СДСМ моралот е мисловна именка, нагласува Стоилковски.

Најнови вести