вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Телефонски повик Борел – Гебреисус за состојбата со СЗО

Телефонски повик Борел – Гебреисус за состојбата со СЗО

Високиот претставник за надворешни работи и безбедност на Европска Унија, Јосеп Борел денеска телефонски разговараше со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус, кому му е пренесена поддршката на ЕУ за организацијата во борбата против новиот коронавирус.

Телефонскиот разговор доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп најави замрзнување на фондовите од САД за СЗО.

Борел му рекол на Тедрос дека во „овој критичен момент е потребна соработка преку мултилатералниот систем„ за да се победи пандемијата на Ковид-19“.

ЕУ се заложи дека ќе придонесе со 114 милиони евра како одговор на повикот на СЗО за финансиска поддршка.

Шефот на европската дипломатија повторно изрази загриженост од американската одлука за замрзнување на фондовите и вети дека ќе се обиде да мобилизира „дополнителни ресурси“ за СЗО, но не наведе детали.