Српската пејачка Нада Топчагиќ го потресе регионот откако откри за српските медиуми дека ова и е најлошиот Велигден до сега бидејќи имала смртен случај на нејзина блиска личност.
-Мојот сосед кој е адвокат почина од коронавирусот. Воопшто не сум расположена, ова е најлошиот Велигден до сега. Станува збор за млад човек кој живее во мојата зграда во центарот на Белград, вели пејачката за медиумите.
Таа додава дека тој бил погребан без роднините и пријателите.
-Многу лошо се чувствувам, немам сила за ништо. Празна ми е душата и мислам дека после ова ќе ми треба психијатриска помош, додала Нада за медиумите.