Неодамна, шведскиот епидемиолог Јохан Гисеке смета дека се заразиле 600.000 жители на Стокхолм. Истовремено тврди дека 99 отсто од заразените не се ни свесни дека боледуваа од ковид-19.
Во Шведска според последните податоци, забележани се нешто помалку од 15.000 потврдени случаи на зараза, со тоа што од вкупниот број 5.992 лица живеат во регионот на Стокхолм, пишува Експресен.
Според наодите во истражувањето кое вчера е објавено, 11 проценти од жителите на Стокхолм развиле антитела на ковид-19.
„600.000 жителите на Стокхолм се заразија досега од коронавирусот, но 99 отсто од нив не биле свесни дека боледувале или се болни од ковид-19, рече Гиесеке за СВТ Њуз.
„Повеќето од оние кои се заразиле воопшто не го забележале тоа. Но имало и такви кои имале полесни симптоми, некои кои биле потешко болни и некои кои починале. Но нивниот удел е многу мал во вкупниот број на заразени“, додаде тој.
Регионот планира да прави 5.000 тестови дневно
Според СВТ Њуз, стокхолмскиот регион ќе ги прошири своите тестирања на новиот вид коронавирус. Досега се тестирани околу 5.000 луѓе, а регионот по набавката на нови тестови и друга потребна опрема планира да тестира 5.000 граѓани секој ден.
„Тестовите на антитела кои денеска почнуваме да ги користиме многу се квалитетни и може да ги користиме во здравствени и истражувачки цели. Сакаме да провериме дали оние кои биле заразени развиле антитела на ковид-19, рече за СТВ Њуз Клаес Рут, истражувач од универзитетската лабораторија на Каролинска.
Регионот на Стокхолм ома намера покрај 5.000 тестови дневно за коронавирус, секоја недела да прави и 2.000 тестови за антитела.