четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За време на полицискиот час приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење

За време на полицискиот час приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица. Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица- 84  потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Најнови вести