понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски најави лидерска во првата половина на мај

Пендаровски најави лидерска во првата половина на мај

Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.

Од Кабинетот на претседателот, за МИА велат дека на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.

– Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот, изјавија од Кабинетот на претседателот Пенадровски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието

Најнови вести