КУРИР дојде до информации дека се случила жестока расправа на седницата на Влада поради воведувањето на полицискиот час од четврток до понеделник.
На отворената дебата на Владата министерот за внатрешни работи на Македонија Наќе Чулев остро се спротиставил на ова одлука образложувајќи дека оваа мерка е неумерена.
Тој алудирал дека се уште нема реален параметар колку таквата рестриктивна мерка ќе даде резултати.
По ова техничкиот премиер Оливер Спасовски ја одложил точката и за истата ќе се расправа во текот на неделава.
Инаку граѓаните секојдневно се во исчекување на донесената одлука на Владата во врска со првомајскиот празник.