На вечерашната дебата на 24 Телевизија помеѓу поранешните пратеници Павле Богоевски и Крсто Јовановски, Јовановски посочи дека наводното „терористичкото дејствување“ за 27-ми април е измислено, затоа што луѓето коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот.
-Не верувам во тоа, измислено е „терористичкото дејствување“ за 27-ми април. Дел од тие луѓе коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот. Тоа значи дека тие во истиот момент додека беа амнестирани престанаа да бидат „терористи“. На два милиони луѓе во Македонија толку многу луѓе ли беа „терористи“ , тоа е огромна бројка на „терористи“, истакна Јовановски.
Тој вели: “Тоа е нон сенс, глупост и не може да му се верува на истото, смислено сценарио да, но од кого ќе видиме“.