Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан наредил духовниот старец Хрисогон да биде погубен.
Откако го погубија овој, некој Зоил му ги најде моштите и ги пазеше кај себе.
По некое време, светиот Хрисогон му се јави на Зоил и му откри дека ќе пострада по девет денови, заедно со три сестри Агапија, Ирина и Хиона. Тие беа затворени, мачени и погубени.