Пилотот во Формула 1, Себастијан Фетел од Ферари може да ја продолжи кариерата во Мекларен, изјави новинарот на „Скај Германија“, Саша Рос.
– Фетел доби непријатна понуда од Ферари со сериозно намалување на платата. Очигледно, Себастијан не се смета за број 1 во тимот. Веројатно, му бил понуден договор, кој нема да го потпише. Во овој случај, неговото место во Ферари ќе биде испразнето за Карлос Саинц од Мекларен. Фетел може да оди во спротивна насока. Себастијан добро се знае со шефот на Мекларен Андреас Сеидл, тие работеа заедно во BMW. Во ситуацијата со Фетел, не станува збор за пари. Тој е заинтересиран за статус и силен, успешен автомобил. Мекларен сега ќе има мотор на Мерцедес, што не е лошо и би можело да стане привлечна опција за Себастијан, вели Рос.
Договорот на Фетел со Ферари важи до крајот на 2020 година.