сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дете и маче родени со “зајачка уста“ и различни очи покажаа што значи пријателство (ФОТО+ВИДЕО)

Мајката на малиот Меден со години се обидува да ја крене неговата самодоверба објаснувајќи му дека тоа што тој е различен од врсниците е нешто посебно и неверојатно во позитивна смисла.
Дете и маче родени со “зајачка уста“ и различни очи покажаа што значи пријателство (ФОТО+ВИДЕО)

Едно слатко дете и едно мило маче. Тие двајца се најдобри пријатели. Нивната приказна е единствена и го освои светот.

7-годишното момче е родено со со двојни расцепи на усните и непцата и со целосна хетерохромија. Синдромот е познат како “зајачка уста“. Преживеа вистинска голгота минувајќи кон бројни зафати и операции за да изгледа како денес.

Често бил жртва на исмејување и психичко малтретирање од другарчињата.

Мајката на малиот Меден со години се обидува да ја крене неговата самодоверба објаснувајќи му дека тоа што тој е различен од врсниците е нешто посебно и неверојатно во позитивна смисла.

И нешто друго го прави ова момче посебно. Тој е роден со очи во различна боја.

Само помалку од 1% од луѓето во светот имаат целосно различни очи, а вистинска реткост е да се има и хетерохромија и расцепи на устата.

Откако мајката Христина слушнала дека постои мачор за посвојување роден со иста состојба како нејзиниот син, таа веднаш знаела дека мора да го доведе во нивниот дом.

Им беше судено да бидат најдобри пријатели. Интересно е како еден миленик може да направи да се чувствувате помалку осамено. Мачето Мун и Меден се совршени еден за друг. Во свет полн со зајадливи луѓе и зборови полни со омраза, ние избираме љубов. Слободно можам да кажам дека ова маче е љубов и убедена сум дека е создадено за да биде дел од нашето патување и од патувањето на Меден, вели Христина.

Меден неодамна беше дел од кампања насочена против исмејувањето и малтретирањето. Во видеото за кампањата, тој вели:

„Не бидете злобни кон лицата што се различни. Ние веќе имаме поминато низ доволно тешки моменти. Бидете љубезни кон секого. Бидејќи луѓето кои се најтешки за сакање имаат најголема потреба да бидат сакани“.