вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Првите пет најважни на свет!

Колумна на Марија Апостолова-Николовска: Првите пет најважни на свет!

Секогаш пред да почнете да градите куќа, неопходно е да поставите темели кои ќе ја држат!

За децата, пред да се запишат во основно училиште треба да бидат поставени силни и цврсти темели во најважниот период за нив, раното детство. Затоа не треба да се преземаат мерки кои би биле по цена на нивното здравје. Потребна е разумна стратегија и безбедни протоколи!

Имено, првите пет се најважни на свет е девиза која го појаснува целиот фундамент на воспитание и образование.

Oбразованието е темел на секое здраво општество! Нездраво е да се жонглира со него, а ниту со децата.

Предучилишниот период е период кој ги опфаќа првите пет најважни години за животот и развојот на една личност. Тоа е периодот во кој се воспоставуваат првите контакти, период кога се остваруваат најнепосредните контакти на детето со другите исти или слични по возраст со него во непосредната околина, со кои тоа се дружи, разменува информации, игра, соработува, учи преку непосредното искуство, период на социјализација, период на брз моторички развој, период во кој играта е основниот облик на учење.

Како ќе им објасните на децата да не си играат одблиску со нивните пријатели?

И токму затоа, неопходна е здрава и безбедна средина. Одговорност e на надлежните, обезбедување на здрава средина, зошто децата се нашите потомци!

Воспитувањето за физички и психички здрави деца треба да е примарна задача на секоја развиена држава, насочена кон просперитет!

Предучилишниот период е одлучувачки период во формирање на навики кај детето и основа за животот понатаму, а пред сѐ во формирање на детската личност.

Без здраво тело, нема ниту здрав ум, ниту здрав разум, ниту способност за живот воопшто.

Посебно во овие моменти, треба да се потенцира и значењето на здравственото воспитание и образование кај децата од предучилишна возраст, примарна задача и цел на сите фактори во нашето општество!

Затоа што децата се нашата иднина!

Ако сакаме да создадеме здраво општество, мора да бидат создадени здрави услови во кои ќе ги одгледаме нашите идни генерации!

Марија Апостолова-Николовска, доктор по педагошки науки

Најнови вести