среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трамп најави откуп на производи од домашни земјиделци заради снабдување на народните кујни

Трамп најави откуп на производи од домашни земјиделци заради снабдување на народните кујни

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека од следната недела државата ќе почне да купува млеко, месо и други производи од домашните земјоделци во вредност од три милијарди долари, бидејќи расте невработеноста и многумина се принудени да одат во народните кујни.

„На почетокот на следната недела, САД, по мој налог, од нашите земјиделци и фармери ќе купуваат млеко, месо и други производи во вредност од три милијарди долари за потребите на народните кујни“, напиша Трамп на Твитер.