среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Што навистина се случува со гасификацијата на Македонија и лагите на министерот Сугарески!

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Што навистина се случува со гасификацијата на Македонија и лагите на министерот Сугарески!

СДСМ и Сугарески во последно време упорно настојуваат да остават впечаток дека оваа Влада постигнала некаков успех во гасификацијата на Македонија, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е успех ако досега биле реализирани 90% од гасоводот Неготино-Битола. Успех ќе беше ако гасоводот беше завршен според рокот уште пред три месеци, а потрошувачите да можеа да го користат природниот гас од овој гасовод.
Истото во целост важи и за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар. Наместо овој гасовод да беше завршен во декември 2019 година, досега не се изведени ниту половина од работите.

Но, најголемиот неуспех на СДСМ и Сугарески е тоа што не започнаа да градат ниту 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во секоја од општините во Македонија. Наместо да го продолжат започнатиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, тие ја блокираа постапката и досега воопшто не ја реализираа дистрибуцијата на природен гас, со очигледна цел: граѓаните да не можат да ги користат придобивките што ги носи природниот гас и место тоа да се користи скапата струја и нафта, а не евтиниот и еколошки природен гас.

Уште многу има да се кажува за неуспесите во гасификацијата на Македонија во изминативе три години додека е СДСМ на власт. Се потрошија три години, но вистинска реализација на проектите за гасификација не се случи.

Најнови вести