петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидер со ексклузивни детали од вчерашната лидерска средба: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер!

Лидер со ексклузивни детали од вчерашната лидерска средба: Заев бил отсутен, Дескоска била суфлер!

Нови детали за вчерашната лидерската средба во Вила Водно. Присутните велат дека Заев дошол на средбата кај Пендаровски без план, но со однапред научено четиво околу можните датуми за избори кои биле примени со доза на зачуденост од присутните, поради отсуството од реалноста и желбата да се сведе деликатната состојба со корона кризата на проста лицитација со бројки, пишува порталот Лидер.

Велат Заев на средбата иако физички бил присутен до крајот, некаде на половина од истата целосно се исклучил од расправата, гледајќи во точка од масата, и отсутно штипејќи се за образот. Таквата исклученост била прекинувана од суфлирања и тивки шепотења од Рената Дескоска која пак била дојдена во тимот на Оливер Спасовски. Дескоска се трудела да му сугерира околу правните прашања за кој Заев привлекол внимание со неговото непознавање.

Нашиот брифер вели дека Заев имал излагање во кое рекол дека датум за избори мора да има, а дека заразувањето на граѓаните со корона е тренд против кој може да се бори една држава преку колективен имунитет. Додаде дека може да се разболуваат, но тоа не може да се смени.

Од присутните било искоментирано дека Заев преку ноќ станал швеѓанец, но и тоа дека треба да му се соопшти дека стратегијата на колективен имунитет е напуштена и во Шведска. Заев како од пушка ги испукал датумите за избори, без да сочека да се направи скрининг на здравствената состојба.

Исто така слепо се држел до тоа дека мора стопанството и државата на еден грб да го носи товарот од изборите и кризата. Потоа било речено од Заев дека мора да продолжат роковите таму каде што застанаа при прогласувањето на вонредната состојба и прекинот на изборните дејствија.

По ваквото тврдење настанла штама, но и неволност кај присутните да му се одговори на Заев на таквите погрешни толкувања и правни вратоломии.

Мицкоски го предложил планот во 4 точки по кој подоцна продолжила дискусијата.

– Интересен беше делот каде иако не стана збор за некаков датум за избори, со оглед на тоа дека прво ќе се прави проценка на здравствената состојба, Заев на крај рече дека е добро што се прогласиле избори. Тоа наиде на чудење кај присутните со оглед на тоа дека прво мораше да поминат 4 чекори за да воопшто се прогласат изборите, а Заев збореше за прогласување, брифира за Лидер присутен на средбата во Вила Водно.
На паузата пред изјавите Заев се пофалил дека средината на август сепак ќе оди на одмор надвор од Македонија, но и дека сега било шансата да се направат брзи избори, а таа шанса наесен нема да се повтори.

Заев бил загрижен за рејтинзите на партиите и дека на анкетите каде губи тоа било така зошто агенциите биле проопозициски. Љупчо Николоски времето го поминал куцајќи пораки и разговарајќи со Забарчанец кој пак брифирал информации до еден медиум со национална концесија.

Најнови вести