сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Лазаров: Голем дел од антикризните мерките на власта нема да се реализираат, а потребен е нов четврти сет 

Лазаров: Голем дел од антикризните мерките на власта нема да се реализираат, а потребен е нов четврти сет 

Во емисијата Економски Магазин на Алсат телевизија гостуваше претседателот на комисијата за економија и финансии на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Лазаров кој истакна дека поголем дел од мерките на власта во третиот пакет на антикризни мерки нема да се реализираат, а потребен е нов четврти сет на мерки во делот на заштита на работните места.

-Дефинитивно сметам дека ќе требаат нов сет на мерки затоа што еве и денес излезе во јавност барањето на компаниите на советот на странски инвеститори со нивни барања во делот на заштита на работни места, со оглед на фактот дека економијата нема да се опорави во наредните месеци и прогнозите се дека најголемиот удар ќе го имаме во вториот и третиот квартал, едноставно ако тие сектори не се поддржат ќе се случи масовно отпуштање од работа на голем број на работници во наредните неколку месеци, истакна Лазаров.

Лазаров апелираше во делот на градењето на тој четврти пакет на антикризни мерки да се спасат што е можно повеќе работни места, бидејќи според, него тоа е битно затоа што дури тогаш ќе се случи многу поголем пад на потрошувачката, а ако работниците се отпуштат од работа ќе немаат доход, ќе намаат плати и нема да трошат во економијата. Токму поради тоа според Лазаров треба да има четврти сет на антикризни мерки кој што ќе биде насочен кон заштита на работните места во оние сектори и оние компани кои допрва ќе бидат погодени.

-Да се потсетиме ние имавме во вториот сет на антикризни мерки само покривање на месец април и мај. Ако го погледнема буџетирањето на вториот пакет на антикризни мерки, тој наратив во јавноста се од стрпромовира од стра ана на влладеачката партија за да прикаже дека нешто се работи а во суштина ништо не се работи. До пред неколку дена ние немавме 1 евро издвоено од буџетот за поддршка на стопанството. Во рамките на тој втор пакет на антикризни мерки беа проектирани 250 милиони евра, резултатите покажуваат дека се изкористени 5 милиони од ковид 1 и само 25 милиони евра од вториот пакет на антикризни мерки, нагласи Лазаров.

Лазаров истакна дека во македонската економија нема средства за да се реализираат овие пакет мерки на власта и дека повеќето се само популистички мерки. Дополнително го земам во предвид фактот дека нема средства и сигурен сум во тоа дека поголем дел од овие мерки во третиот пакет на антикризни мерки нема да се реализираат. Ние и сега ги немаме тие пари, меѓутоа дел од тие предвидени буџетски средства мислам дека многу попаметно ќе биде да се алоцираат во спас на што е можно поголем број на работни места во оние сектори кои што ќе бидат погодени од кризата-Потенцираше Лазаров.