Министерот Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека дел од новозаразените со корона вирус потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери.
-Деновиве е зголемен бројот на заразени, но здравствените власти ги знаат точно кластерите на заразени, односно немаме непознати жаришта. И да, дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, коишто се случуваат последните неколку недели. Доколу сите граѓани без разика на верата, доколку сакаме да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми личната одговорост кај секој од нас, вели Манчевски.