вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Родителите чии дечиња се во болницата во Козле плаќаат по 1000 денари дневно, а погледнете каков појадок добиваат (ФОТО)

Родителите чии дечиња се во болницата во Козле плаќаат по 1000 денари дневно, а погледнете каков појадок добиваат (ФОТО)

Родител чие дете е болно и сместено во Детската болница во Козле утрово ја контактираше редакцијата на КУРИР.

Бидејќи еден од родителите останува како придружба на детето, за тоа плаќаат сума од 1000 денари за еден ден. Секако, ретко кој родител би го оставил детето само во болница.

За таа сума, која воопшто не е ниска, родителот добива оброк. Оброкот кој утрово го добил родителот кој ја контактираше нашата редакција можете да го погледнете на фотографијата подолу.

По една основна пресметка, овој оброк не чини ни 40 денари.

Ова, ќе признаете, е срамота! Родителите загрижени за своите болни дечиња,будни седат до нив по 24 часа и за тоа плаќаат дополнителни 1000 денари дневно. Кога треба да добијат нормален оброк, тие добиваат едно варено јајце, павлака, леб и чај!

И за ваков оброк плаќаат како да се сместени во хотел, а не во болница поради своите дечиња!

Најнови вести