среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забраната за движење на ја почитувале 52 лица, од нив 28 се приведени

Забраната за движење на ја почитувале 52 лица, од нив 28 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци.

Најнови вести