Силниот ветер во Кавадарци откорна дел од покрив на зграда и искрши стакла од прозорци на објект.
Паднати се и неколку дрвја во централното градско подрачје. Нема повредени лица.
– Од зградата на улицата „Илинденска” на старата автобуска станица висеше парче лим кое претставуваше опасност за пешаците. Парчето лим беше острането со помош на противпожарно возило и полицијата. Од зградата на „Водостопанство” имаше опасност од паѓање на стакла од неколку прозорци и дел од фасадата. Полицајци го обезбедува тротоарот поради безбедност за пешаците. Стаклата се искршија, а за среќа нема повредени, изјави градоначалникот Митко Јанчев, кој излезе на лице место за да ја согледа состојбата.
Тој информира дека како последица на ветерот паднати се и неколку дрвја низ градот и оти петнаесетина работници на комуналното претпријатие интензивно работат на нивно отстранување.
Во меѓувреме биле пријавени и неколку пожари на оџаци.