вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пет најчести грешки на родителите поради кои децата постојано се болни

Пет најчести грешки на родителите поради кои децата постојано се болни

Шок ако детето оди босо по “ладниот паркет “, паѓање на мајката во несвест со самата помисла дека нејзиното дете ги ставило рацете во кал или ги ставило во уста, нема излегување од дома ако надвор е ладно, врне или дува ветер…Во ова сигурно ќе се пронајде секој родител кој е навикнат да го чува детето под стаклно звонче. Но, сето ова е погрешно!

“Не го допирај тоа, падна на земја, сега е валкано”, чудно е колку оваа реченица е почеста кај нас отколку во која било друга западна земја, а особено дека грижата на родителите во овој случај е непотребна, бидејќи такво нешто не може  да го загрози здравјето на детето. Слично е и кога родителите кои се грижат за здравјето на малите деца претеруваат со облекувањето.

Познато е дека најдобар начин детето да стекне имунитет е да му дозволите да биде во контакт со потенцијалните извори на зараза како прашина, кал, песок, валкани раце… Чувањето на детето во стерилна околина има за последица слабеење на имунитетот.

Мора да ги челичиме децата

-Денешните деца треба да се челичат. Ние кога бевме мали одевме боси, родителите не не пресоблекуваа нон стоп па дури ни кога ќе се измокриме, ниту ни ги миеја рацете кога ни беа валкани. Западниот свет во однос на ова се многу полиберални.

Примери кои можат да се видат во зима во земјите како што се Шведска, Данска или Исланд, за многу родители кај нас е непомисливо. Родителите се излезени со своите деца кои се во количка и пијат кафе пред кафулињата или рестораните додека надвор  врне снег или дува ветер е нормална појава во овие земји.

Спијат надвор додека дува ветер

Додека родителите внатре пијат кафе нивните потомци спијат завиткани на температури близу нулата. И кога се дома за попладневното спиење на бебето родителите ја изнесуваат количката на тераса за бебето да не го пропушти редовното дневно челичење на остриот северен воздух. Позади оваа пракса стои популарното верување дека престојот на свеж воздух децата ги прави отпорни на вируси и настинки а дека престојот на затворени места ја зголемува можноста за зараза.

Претоплување на децата

-Првата грешка која родителите ја прават е претоплување на бебето бидејќи мислат дека се сколи кон настинки. Тоа е потполно погрешно дури и спротивно. Немојте дополнително да го покривате детето, да му облекувате два пара чорапи посебно ако е дома, а просторијата во која престојувате не треба да биде потоплна од 22 степени. Во спротивно може да дојде до пореметување на терморегулаторниот систем, поради што подоцна детето ќе биде зимурливо и склоно на настинки.

Претерано одржување на хигиена во просторот

Претерувањето во одржување на хигиена може  да доведе до пореметување на имунитетот на бебето и да допринесе на настанување на алергии и астма.

Многу родители грешат баш кога е хигиената во прашање. И тука настанува проблемот, како децата ќе стекнат имунитет кога се околку нив е стерилно. Тука се подразбира кога нешто ќе им падне на под или кога не сакаат децата да ги пратат во градинка бидејќи постојано ќе бидат болни. Родителите никако да сфатат дека на тој начин ќе стекнат имунитет , бидејќи ако во градинка не се сретнат со инфекции тогаш во училиште ќе се случи тоа.

Имено секој пат кога детето ќе дојде во контакт со бактерија или вирус, неговиот имунолошки систем почнува да произведува антитела кои наредниот пат ќе го препознаат вирусот и ќе се борат против него. Но, за да дојде до тоа бактеријата мора да влезе во телото на детето, а во претерано чиста околина тоа не може да се случи.

Избегнувајте антибиотици

Избегнувајте антибиотици кога тоа е можно бидејќи тие ги убиваат лошите, но и оние добрите, потребни бактерии. Прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до појава на астма, алергија, дебелеење, дијабатес и други болести. Исто така може да создаде отпорност на лошите бактерии на антибиотикот и негативно да влијае на имунолошкиот систем.