Познатиот српски сопственик на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ стана дедо, а убавата вест ја сподели познатата водителка Душица Јаковљевиќ на социјалните мрежи.
Имено Душица на својот Инстаграм профил сподели заедничка фотографија со основачот на телевизијата на која напиша „стана дедо“.
Митровиќ важи и за еден од најбогатите Срби во земјата и пошироко.
Тој инаку доби внука од синот Александар кој стана познат во јавноста по трагичниот настан во 2013 година.
Имено тогаш тој со својот автомобил ја усмрти тинејџерката Андреа Бојаниќ, а неговиот татко во неколку наврати изјавуваше дека се би направил за да го врати животот на девојката.