понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Флојд бил тепан и на задното седиште од полицискиот автомобил

ВИДЕО: Флојд бил тепан и на задното седиште од полицискиот автомобил

Низ повеќе градови во САД, но и во светот, од викендот почнаа да се организираат протести откако црнецот  Џорџ Флојд им подлегна на повредите здобиени по „блиската средба“ со полицијата. Во повеќе американски градови тие прераснаа во немири и судири со полицијата.

Американксите медиуми јавуваат дека денеска на социјалните мрежи се појави и нова снимка од надзорна камера, на која се гледа како полицијата се однесувала со Флојд пред да почине.

Дури и пред Флојд (46) да заврши со лицето на плочникот полицијата имала проблеми со него. Ова е прикажано на новата снимка од надзорната камера, на која се прикажани неколку полицајци како имаат проблеми со него на задното седиште на полицискиот автомобил.

Снимката е објавена од корисник на Инстаграм, кој напишал дека полицајците го претепале Флојд во автомобилот.

„Се полека се спојува, само што го добив ова ново видео. Едниот чува стража, а другите го претепуваат“, напиша тој.