Жените фрлаат многу труд и пари за да се почувствуваат убави и секси. Но често работите излегуваат од контрола и наместо дамата да изгледа сексапилно, делува вулгарно. Според Стив Вард – специјалист во областа на меѓуполовите односи и директор на позната агенција за познанства, жените не треба да вложуваат на премногу провокативен и вулгарен изглед ако сакаат еден маж да ги сфати сериозно.
За Стив има голема разлика меѓу тоа да однесеш една жена во кревет и тоа да ја претставиш на своите родители.
„За мене една дама која се облекла предизвикувачки и вулгарно, како да праќа ваква порака – немам особено големо мислење за себе, затоа се обидувам да ги импресионирам околните со разголеното тело“.
Сексипилот едноставно доаѓа од внатре. Жените можат да изгледаат секси и во исто време уверени, интелигентни и сериозни, а вулгарните жени не можат.
„Едни од најсексапилните дами кои сум ги видел, носеле обична маичка и хеланки, или памучен летен фустан. Секси значи самодоверба и насмевка, а не облека и чевли“, вели Вард.