Поранешниот градоначалник на општина Штип, Илчо Захариев вели дека обвинението за Спортскиот рекреативен центар Брегалница е лажно.
-За просторот каде беа објектите на Штипион донесен е Детален урбанистички план усвоен од Советот на општина Штип. Изработен е проект Спортско рекреативен центар Брегалница финансиран преку германската влада и источен плански регион, се вели во реакцијата од Захариев.
Според него, продажбата на базенот и останатите парцели се со одлука на Советот на општината.
-Јавното претпријатие Штипион со одлука на совет доби нови простории во Новакова чешма, поранешни магацини на АРМ. Целата постапка за продажба и отстранување на објектите кои беа руина е спроведена законски. Општината инкасираше околу 600.000 евра од продажбата на земјиштето. Реализацијата на СРЦ Брегалница е од голем интерес за градот Штип, се вели во реакцијата.
Захариев е уверен дека и оваа, како што вели, лажна кривична пријава ќе биде отфрлена.