На улиците на Њујорк снежната покривка изнесува 13 сантиметри. Снег падна и во северниот дел од Њу Џерси, а предупредувања за снежни врнежи се издадени и за западна Вирџинија и Масачусетс, изјави денеска метеорологот Џеј Ингл.
Поради снегот откажани се најмалку 39 летови од меѓународните аеродроми Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија.
Во Њујорк последен пат повеќе од 10 сантиметри снег во април имаше во 2003 година.
– Вообичаени температури за април се околу 12 степени Целзиусови, така што нема да помине долго време за да се истопи снегот. До среда во Њујорк се очекуваат 16 степени Целзиусови, наведе Ингл.