понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Зоран Заев ja забрза и акцелерира пандемијата

Мицкоски: Зоран Заев ja забрза и акцелерира пандемијата
фотоилустарција

Во интервју за нашиот портал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше запрашан за враќањето на полицискиот час, на што тој го даде следниот одгово.

Цветановски: Го спомнавте моментот на доаѓање на политиката на сцена, беше очигледно дека тоа се случи и тоа резултираше со потези кои што сега Владата буквално признава дека ги згреши. Комисијата за заразни болести го враќа полицискиот час за одредени градови, ЈСП го поништи враќањето на бесплатните денови за старците во автобус, па и дури и Филипче призна дека доколку знаеле дека ќе биде вака, а очигледно не знаеле, немало да ги отворат кафаните, што повторно е признание  дека тие буквално не знаат што прават на моменти. До кога со ова пиши-бриши политика?

Мицкоски: Точно таа пиши-бриши политика очигледно дека во овие услови, со овој капацитет на луѓе кои што се во техничката влада ќе мора да потрае уште некое време бидејќи во спротивно дополнително ќе ги изложиме на ризик животите на граѓаните и потоа ќе треба да живееме со тоа. Јас често пати зборувам дека ја разбирам реалноста која што сака да ни ја претстави владата дека ова е реалноста со која што ќе живееме и никој не вели дека овој вирус преку нок ќе исчезне. Но истовремено јас не можам да прифатам стотици заболено и неколкумина починати на дневна основа дека ќе биде мојата реалност, одбивам таква реалност да прифатам.

Да, да беше реалноста како она ја имаме во Словенија, она што е во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, еве сите овие земји во опкружувањето имаат таква реалност и многу нормално ние зборуваме за 1, 2 или 5 лица на дневна основа инфицирани и ниту еден починат, со таква реалност да се слагам веднаш да почнеме кампања за изборите и да одиме на избори и да ги поразиме бидејќи за мене е поштетна и најштетна пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, бидејќи тие практично ја целерираат пандемијата Ковид-19, да три месеци потоа тие ја ексцелерираат таа пандемија и практично нејзината сила сега во полн интензитет ние ја чувствуваме кога броиме, денеска еве ќе се повторам уште еднаш – повеќе од 115 заболени и никој нема одговорност и повторно ќе кажам  во оваа држава одговорност е заборавен збор.

Никој не вели, чекај зошто ја донесовме одлуката да се воведе повторно бесплатниот превоз во јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје. Дали поради таа одлука ние придонесовме голем број лица во поминатите години да бидат инфицирани и не дај Боже некој да загуби живот од тоа, сме го анализирале ли тоа што тие луѓе  нам ќе ни бидат експеримент, па не можеме така да се однесуваме.

Тоа се човечки животи, не мора стратешки да преминеме на овие работи, за да една недела потоа речат згрешивме, ја враќаме назад старата мерка. Колкумина во меѓувреме жзаболеа, колкумина изгубија живот и кој ќе има одговорност, Караџовски, ресорниот министер, Спасовски, некој мора да одговара за оваа работа.

Еве, го обвинуваа господинот Чулев,  мене ме обвинуваат. Ние не сме одговорни за оваа одлука, ние не сме во тимот на Комисијата за заразни болести, ние не ги носиме одлуките на Владата, нема мнозинство. Кој ќе ги носи овие одлуки, одговорност за одлуките кои што како што вели ресорниот министер дека да знаевме дека вака ќе биде, немало да ги донесат.

Има ли институт одговорност, еднаш засекогаш, бидејќи нема затоа граѓаните повеќе не веруваат во политичарите, затоа што гледаат дека политичарите имаат поинакви интереси од оние кои што се интересите на граѓаните и се’ додека имаме такви политичари кои што се неодговорни или кои имаат поинакви интереси, различни од оние интересите на граѓаните, затоа поддршката кон институциите ќе биде ваква каква што е.

Мене ништо како политичар, како опозиционер не ми значи ако Филипче ја изгуби супстанцата или СДСМ ја изгуби онаа мала супстанца која што се’ уште ја има. Ако последиците бидат фатални и ако ние имаме енормно зголемување на инфицирани и починати лица, треба да живееме со тоа. Ако вие сте оптеретени  дека живеете со тоа, вие не ќе можете ниту да носете стратегии, ниту пак да имате поинаква визија за развој на државата.

Најнови вести